НУ Народен театар – Битола и Македонското научно друштво – Битола, потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа директорот на Народен театар – Битола, Васко Мавровски и претседателката на МНД Битола – проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.
Со овој меморандум беше воспоставена соработка помеѓу оваа Национална установа и Македонското научно друштво во пресрет на големиот јубилеј 65-години постоење на МНД. МНД и НТБ во иднина интензивно ќе соработуваат во областа на уметноста, литературата, театарската критика и другите области сродни за двете институции. А ќе се стимулира и посетувањето театарски претстави и пишувањето критика пред пошироката академска и научна заедница.