Со годишната програма за работа во 2025 година поддржана од Министерството за култура и туризам, ЦК „Марко Цепенков“ ќе реализира доста обемна програма, од речиси сите области. Поддржани се проекти од театарската дејност, од музичко сценската и фолклорна дејност, од визуелните уметности, архитектура, во издавачката дејност, а средства се одделени и за инвестиции.
Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе реализира три премиери : „Три сестри“, од А.П. Чехов, во режија на Дејан Пројковски „Ловец во ржта“, според Џ.Д. Селинџер, во режија на Мартин Кочовски „Чиста куќа“ , од Сара Рул, режија Тамара Стојаноска
Министерството за култура и туризам додели средства за одбележувањето на 75 години театар „Војдан Чернодрински“ и за гостувањето со претставата „Бура“ на „Shakespeare Fringe festival“ во Верона.
Во музичко сценската дејност ќе се реализираат повеќе концерти. Концерт на женски камерен хор „Керамија“ Концерт на духовна музика со црковен хор св. Петка, концерт на Трио Џентелмен – македонска рапсодија Вечер на творештвото, делото и аранжманите на Драган Ѓаконовски Шпато, концерт на дуо хармоника и пијано „Вечер на филмска музика“, целовечерен концерт на Toot kvartet „Џез вечер со Клод Болинг“, концерт на класична музика на пијано „Дневник“ и Dulcia sonant – фестивал на рана музика во Прилеп.
Во фолклорната дејност пари се доделени за следните проекти: Концерт на групата „Чалгија саунд систем“, промоција на нов албум Работа на уметничката група октет Прилеп и работата на КУД „Моминок“ – возрасни и подмладок.
Проектите од областа на визуелна уметност, архитектура и дизајн, се најмногубројни и ќе се реализираат дури 26 изложби. Со поддршка на Министерството за култура и туризам ќе се издава и списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.