Народниот театар – Битола денеска ја објави својата Годишна програма за работа вклучувајќи ги проектите поддржани со Годишната програма за култура. Согласно Решението на Министерството за култура и туризам, за проекти од национален интерес во културата за 2025 година кои се содржани во Нацрт-годишната програма за работа на НУ Народен театар Битола за 2025 година со поддршка на Министерството за култура и туризам ќе се постават четири театарски претстави:
1. „Црно семе“ – според романот на Ташко Георгиевски (праизведба), режија: Андреј Цветановски, буџет: 1.250.000 денари.
2. „ Кога ние мртвите ќе се разбудиме“ – Хенрик Ибзен, режија: Оливер Мицевски, буџет: 500.000 денари.
3. „Магбет“ – Вилијам Шекспир, режија: Сабо К. Иштван (Унгарија), буџет: 1.250.000 денари.
4. „Госпоѓа Бовари“ – Густав Флобер, режија: Дејан Пројковски, буџет: 1.800.000 денари.
Народен театар – Битола дополнително од областа фестивали и манифестации доби поддршка за 11-то издание на „Битола Шекспир Фестивал“ со буџет од 800.000 денари. Од областа на меѓународна дејност поддржано е гостување со претставата „Галеб“ на фестивал во Ереван, Ерменија со буџет од 410.000 денари.
Согласно Одлуката на уметничкиот совет по предлог Годишната програма за работа на НУ Народен театар Битола за 2025 година доставена од страна на директорот и Одлуката на Управниот одбор на НУ Народен театар Битола се прифаќаат, за реализација од сопствени средства, следните проекти:
1. „Којзнае зошто?“ – според расказот „Сонот на смешниот човек“ Ф.А. Достоевски, режија: Дамјан Читкушев, копродукција Здружение Купола Штип – независна сцена.
2. „Жиголо“ – Игор Кузмановски (праизведба), режија: Благој Мицевски.
3. „Чорбаџи Теодос“ – Васил Иљоски, режија: Дамјан Димовски.
4. „Рибарски караници“ – Карло Голдони, режија: Јован Ристовски.
5. „Пламенка“ – според романот на Петре Димовски (праизведба), режија: Софија Ристевска Петрушева, копродукција ЗИУ Интимен театар Битола – независна сцена.
6. „Пипи Долгиот Чорап“ – Астрид Линдгрен, авторската екипа ќе биде избрана преку интерен оглас на НУ Народен театар Битола.