Претстави на македонски и албански јазик во Годишната програма на Кумановски театар

За 2025 година Министерство за култура додели финансиски средства за реализација на четири тетарски претстави и тоа:

„Сакaтиот Били од Инишман“ во режија на Јане Спасиќ со сума од 725.000 денари;

„Калигула“ во режија на Ѓорѓи Ризески со сума од 775 000 денари;

„Грабеж на дијамантот“ во режија на Ќазмедин Нуредини со сума од 625 000 денари;

„Улицата Вавилон“ во режија на Куштрим Бектеши со сума од 775 000 денари;

Освен овие театaрски претстави Театaр Куманово ќе продуцира и една претстава за МТФ Денови на комедија 2025 година, и една претстава за деца.