Министерството за култура оваа година додели средства за реализација на Годишна програма за работа на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во 2025 година за следниве проекти:
– „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Ефтимов, во износ од 1 400 000 денари
– „ИСКРЕНИТЕ“ од Карл де Шамблен Мариво, во режија на Владимир Милчин, во износ од 1 500 000 денари
– „ГАЛЕБ“ од А.П. Чехов , во речија на Александар Ивановски, во износ од 700 000 денари
– „НЕ МОЖАМ ДА ПЛАТАМ, НЕМА ДА ПЛАТАМ“ од Дарио Фо, во режија на Елеонора Теова, во износ од 400 000 денари (проектот ќе биде реализиран на малата сцена на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“)
Исто така се доделени средства во износ од 800 000 денари за реализација на овогодинешното издание на Фестивалот на античка драма „СТОБИ“ , како и сума во износ од 480 000 денари за реализација на планираните активности за меѓународна соработка.