По повод 10 години од без конкуренција најпосетениот стенд – ап на Балканот на сите времиња, на ваше барање, покрај Скопје, Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” и во Битола на 19 март во Центар за култура!
Ова нема да биде „Ѓурологија“, ова ќе биде ,,шио ми га Ѓуро” шоу. Шоуто е наменето само за 16+. Влезниците, по цена од 750 денари ќе бидат во продажба почнувајќи од петок (14 февруари) во 10 часот наутро, онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.
ВАЖНО: Ќе се одржи само една претстава.