Денес започна првата читачка проба за претставата „Госпоѓа министерка“, дело на Бранислав Нушиќ, a во режија на Синиша Ефтимов во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.
Насловната улога ја толкува Зорица П. Панчиќ, која оваа година одбележува јубилеј – 30 години професионална актерска дејност, додека останатите улоги ги толкуваат: Талија Настова, Симона Димковска, Славица Манаскова, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски, Филип Христовски и Кире Ацевски.
Премиерата на претставата „Госпоѓа министерка“ се очекува да биде на крајот од месец март.