По рекордно распродадените два концерта, неверојатниот интерес не само што не стивнува туку барањата од публиката се уште поинтензивни, а за сите вас со задоволство организираме и трет концерт во следниот слободен термин и локација за овој ексклузивен музички настан и тоа на 21-ви март, но овој пат во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.
Огромна благодарност и на беспрекорниот артист Здравко Чолиќ кој за оваа прилика го прилагоди својот распоред за да можеме со уште еден дополнителен концерт и тоа пред викенд, да возвратиме на барањата на сите оние кои за овој настан ќе допатуваат од други градови и земји.
Влезниците се во продажба веднаш, онлајн mktickets.mk
Поради форматот на концертот, салата „Јане Сандански“ ќе биде исполнета исклучиво со места за седење, а тоа значи намален максимален капацитет и повторно апел за публиката навреме да ги обезбеди своите влезници.
Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се враќа ексклузивно во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар и несомнено со најпопуларниот концерт за 2025 година!