Огромниот интерес нималку не стивнува по рекордно распродадениот концерт на Здравко Чолиќ, а благодарение на тоа потврден е втор и последен датум за овој ексклузивен музички настан. И тоа на 19-ти март 2025 година во Арена „Борис Трајковски“ – Скопје
Влезниците се во продажба веднаш, во продажните места на МкТикетс низ Македонија и онлајн на mktickets.mk.
Важно: Поради форматот на овој концерт, арената „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета исклучиво со места за седење, а тоа значи намален максимален капацитет и апел повеќе за публиката навреме да ги обезбеди своите влезници.
Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се враќа во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар и несомнено со најпопуларниот концерт за 2025 година! Се гледаме на 18 и 19 март во Арена „Борис Трајковски“!