Специјална „Ѓурологија“ за прв пат во Македнска филхармонија

Без конкуренција најпосетениот стенд – ап комичар на Балканот на сите времиња, по повод 10 години од почетокот на стенд – апот „ЃУРОЛОГИЈА“, Бранко Ѓуриќ – Ѓура доаѓа во Скопје на 17 март во Македонска филхармонија со шоу кое се разликува од сите досегашни.

Ова нема да биде „Ѓурологија“. Ова ќе биде ,,шио ми га Ѓуро” шоу, специјално издание за 10 годишнината на „Ѓурологија“.

Шоуто е наменето само за лица 16+, влезниците, по цена од 1.000 денари, како и лимитиран број на ВИП влезници по цена од 1.500 денари ќе бидат во продажба почнувајќи од среда (12 февруари) во 10 часот наутро, онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

Бидејќи не постои подобар лек од смеата (а, Бранко Ѓуриќ – Ѓура не е само смешен, туку неверојатно духовит), вeруваме дека ќе бидете брзи во среда наутро.