Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп годинава одбележува 75 години од своето основање во 1950 година. По тој повод од 17-ти до 23-ти февруари во Прилеп ќе гостуваат неколку театри во рамки на програмата за одбележување на овој значаен јубилеј.
Програмата започнува на 17-ти февруари со театарската претстава „Роња“ на Театарот за деца и младинци и „Хинкеман“ на независниот театар „Златен Елец“. На 20-ти февруари гостува Велешкиот театар со „Вечера за глупаци“ а на 21-ри февруари Народен театар – Битола со хит комедијата „Кокошка“. Домаќините од Прилеп за публиката ќе ја изведат претставата „Бура“ на 22-ри февруари.
