По најавениот концерт во Белград, а по барање на публиката Греми добитниците Gipsy Kings со легендарниот пејач Nicolas Reyes ден пред концертот во Сава Центар во Белград ќе настапат во Скопје.
Бендот за кој постои метафората ,,колку песни, толку хитови”, Gipsy Kings, за прв пат доаѓаат во Скопје предводени од оригиналниот пејач Nicolas Reyes на 22 март (сабота) во СЦ „Јане Сандански“.
На чело со човекот со ангелски глас, Nicolas Reyes, кој ги има отпеано сите најголеми хитови како ,,Bamboleo”, ,,Volare” и ,,Djoba Djoba”, Gipsy Kings ќе гостуваат во Скопје со 90 минутно шоу во кое, со своите најголеми хитови ќе ни ја претстават поубавата страна на светот и животот. А ние, барем на тие 90 минути, со сигурност ќе ја почувствуваме.
Gipsy Kings важат за кралеви на румбата и фламенкото во музичкиот бизнис, длабоко втемелени и запишани во историјата на “world” музиката. Имаат објавено 15 студиски албуми со преку 20 милиони продадени носачи на звук, а во 2014 година освоија Греми награда за најдобар албум, за албумот „Savor flamenco“. A, вечната актуелност на Nicolas Reyes е повеќе од очигледна. За тоа сведочи и фактот дека, во 2023 година, Nicolas Reyes беше специјален гостин на „Coldplay“ на нивниот стадионски концерт во Барселона, на кој заедно со Chris Martin, ги изведоа ,,Volare”, ,,Bamboleo”, како и ,,Proud Mary” во чест на Tina Turner.
Утрово започна продажбата на влезници кои се по почетна цена од 1.500 денари, а се во продажба онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk по следните цени и категории:
ТРИБИНА: 1.500 – 2.000 денари
BRONZE SEATS: 2.400 денари
SILVER SEATS: 2.700 денари
GOLDEN SEATS: 3.000 денари
ВИП ТРИБИНА: 3.500 денари