Вимокша – Емина Бајтаревиќ, млада музичарка од Босна и Херцеговина, ќе настапи во првото полуфинале на националниот евровизиски избор на Сан Марино за евровизиски претставник, Una Voce Per San Marino. Сан Марино е европска микро држава сместена во срцето на Италија.
Кастингот за претставување на Сан Марино на Евровизија беше отворен од август 2024 година до 25 јануари оваа година, а право на пријавување имаа сите изведувачи ширум светот чија песна ги исполнуваше основните технички и законски услови на натпреварот. После тоа, Вимокша учествуваше во онлајн кастинг наменет за граѓани на земји кои не граничат со Италија. Иако претходните години полуфиналистите најчесто се избираа од соседните земји, Босна и Херцеговина годинава има шанса да биде на Евровизија – настапувајќи за Сан Марино.
Повеќе од 1200 песни беа испратени до Una Voce Per San Marino. Во првиот круг на кастингот влегоа околу 400 натпреварувачи, а во полуфиналето Емина ќе настапи на бројот 35 во првата полуфинална вечер, која ќе се одржи на 13 февруари 2025 година.
Емина Бајтаревиќ, позната во музичкиот свет под псевдонимот Вимокша, во кој е вклучен и нејзиниот бенд, во 2023 година го објави култниот сингл „Назови неког осим дилера“ (Повикај некој друг освен дилер). Емина на крајот на годината го освои второто место во финалето на шоуто Суперталент со вентрилокстичен чин. Во 2024 година, Вимокша го издаде албумот „Вилењак“, женски, чувствителен албум со 10 песни кој не остана незабележан, а песните од албумот ги изведуваше на неколку регионални фестивали. Но, 2025 година започнува малку поинаку за Вимокша: песната на Емина е избрана, меѓу 36 други, да учествува во првото полуфинале на Изборот за песна на Евровизија за државата Сан Марино (Una Voce Per San Marino).