Денеска во фоајето на Македонскиот народен театар се оддржа сеќавање и чест на актерот Кирил Псалтиров, кое се оддржа во рамките на чествувањето на 80 години Македонски народен театар.
На сеќавањето говореа, в.д директорот Никола Кимовски, синот на Кирил Псалтиров, Илија Псалтиров кој во негова чест изведе и една нумера, како и доајенката на нашето глумиште Снежана Коневски – Руси.
На денешното сеќавање на актерот, беше откриена негова биста. Се работи за дело на академскиот скулптор, Петре Наневски.
„Тој беше еден од оние актери на кои најбројни им се т.н. епизодни ликови, без кои не може да се замисли речиси ниту една претстава. Се памети по вештината која го направи секој лик карактеристичен и му го даде најдоброто од себе, во него. Многу посветено и дисциплинирано му даде своја душа , влегувајќи во ликови кои не се први на листата на учесници. Тој покажа и докажа дека актерот е голоем и во најмалата улога“. – изјави Никола Кимовски в.д. директор на МНТ.
Неговиот син Илија ја изведе нумерата „Во одаите на мојата душа“, која што неговиот татко ја сакал и често заедно пееле.
„Беше исклучително успешна претстава. И јас се сеќавам како дете, кога татко ми го имаше првиот настап заедно со целиот ансамбал, кои што извонредно ја креираа наа приказна во „Свирачот на покрив“. Јас мислам дека не сум бил на театарски претстави, а сум бил на многу, каде што преку 5-6 пати се спушташе и се креваше завесата. И каде што имаше толку овации. Јас мисла дека 10-15 минути стоевме на нозе. Знам дека многу плачев од радост, од возбуда“ – рече Илија Псалтиров- син на Кирил Псалтиров.