Велешкиот Центар за култура трансформиран во театар

Вчера, на денот на патронот на Велешкиот театар, Министерството за култура и туризам го достави и предаде на институцијата усвоеното барање за промена на дејноста, со што Националната установа Центар за култура „Јордан Хаџи Констатнинов – Џинот“ се преименува во Национална установа Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

„Со оваа формална промена, Министерството за култура и туризам ја исправи повеќедецениската неправда нанесена на институцијата во 2004 година и правно-формално ја позиционираше куќата во нејзината вистинска нормативна рамка.“ – велат од Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.