Комичарите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски со стендапот „(Нат)просечен Македонец“ тргнуваат на турнеја низ Македонија во февруари и во март.

Турнејата почнува на 9-ри февруари во Радовиш, продолжува на 14-ти февруари во Битола во Центарот за култура, на 15-ти во Струмица во Центарот за култура, на 21-ри во Гевгелија, 22-ри во Велешкиот театар, на 28-ми во Куманово. Турнејата продолжува на 1 март во Кочани во Домот на култура, 2-ри март во Тетово во домот на култура, 7-ми март во Штип, а завршува на 8-ми март во Охрид. За напролет најавуваат и европска турнеја.

„Во секој град ќе има специјален гостин, кој дополнително ќе ја збогати атмосферата. Оваа турнеја е вистинска можност за публиката од целата земја да ужива во незаборавна вечер исполнета со смеа, емоции и препознатливи моменти од „(Нат)просечен Македонец“, велат актерите. Билетите се во продажба онлајн преку ticketx.mk или во нивната продажна мрежа низ Македонија.

На крајот на минатата година, Тино и Атанас одржаа четири распродадени настани во СЦ Јане Сандански во Скопје.