Народен театар – Битола само неколку дена по празниците започнува со работа на нова претстава. 2025 година ансамблот ја започнува со праизведба на современиот македонски драмски текст „Жиголо” од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски.
Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Благој Мицевски, музиката на Марјан Неќак, драматург е Оливера Павловиќ. Во претставата играат Марјан Георгиевски, Соња Михајлова, Марија Стефановска, Маја Андоновска – Илијевски и Никола Пројчевски.
Претставата ќе биде реализирана од сопствени средства а премиерата е закажана за 1-ви март 2025.