Овој Божиќ, Украинците во земјава сакаат да ја раскажат историјата на најпопуларната божиќна песна, која всушност е украинска народна мелодија. „Шчедрик“ или како што ја знае светот „Carol of the bells“ е од суштинско значење за украинскиот народ бидејќи е првата песна која на украински јазик одекнува низ светот.
Компонирана од маестралниот Микола Леонтович, Шчедрик ја добива заслужената слава со настапите на хорот на Александар Кошиц уште во далечната 1919, а откако добива и англиска преработка станува неизоставен дел од Божиќ секаде низ светот. Денеска, Шчедрик е инспирација за голем број музичари, но и инспирација за Холивуд и за маркетинг индустријата. „Сам дома“, „Симпсонови“, „Саут Парк“ се само дел од филмовите во кои се пее Шчедрик и секој Божиќ барем една голема мултинационална компанија ја користи оваа песна во своите рекламни видеа.
Истражувањата кои се направија во Украина за историјата на ова маестрално дело и за неговиот креатор кои всушност претставуваат борба за украинскиот јазик и идентитет во продолжение: