„Лајбах“ и „Бијело дугме“ објавија заедничка песна

„Лајбах“ја објави песната „S topom te bom ciljal moja mala“ која ја снимија заедно со „Bijelo Dugme“. Текстот и музиката за оваа песна ги напиша Горан Бреговиќ.

„Песната „S topom te bom ciljal moja mala“ е создадена во соработка помеѓу „Лајбах“ и „Бијело Дугме“ по повод 50-годишнината на овој легендарен бенд од поранешна Југославија. Се работи за преработка на песната „Топ“ на Бијело Дугме од 1974 година која Лајбах ја интерпретираа на свој уникатен начин.

„Ни се јави Горан Бреговиќ и предложи да ја обработиме нивната позната песна „Топ“ за 50-годишнината од бендот „Бијело Дугме“. За оваа пригода ја поканивме нашата стара колешка и пејачка Васја Улрих, која веќе го позајми својот вокал за многу други наши композиции. Го снимивме вокалот, додадовме хор и направивме експериментален микс, на кој Горан Бреговиќ додаде снимки од гитара и оргули и потоа го создаде финалниот микс. Беше забавно. Двете страни на паричката на поранешната држава конечно се собраа во заеднички проект. Се надеваме дека на луѓето и оваа песна ќе им биде забавна. Секако ни е чест што можевме да учествуваме во овој проект“. – велат „Лајбах“.

„Бијело дугме“ за полувековниот јубилеј ќе издаде 10 песни со повеќе групи од поранешна Југославија.

„Мислев дека би било добро за 50-тиот роденден на „Бијело Дугме“ да направиме неколку соработки со некои од луѓето што ги ценевме сите овие години. Почнавме од север иако не ви се допаѓа музиката на „Лајбах“ , не можете а да не ги цените. Ова е можеби најпочитуваното нешто што произлезе од комунистичката ера. Тој еден упорен напор да ни каже работи што не сакаме да ги слушаме“.

Видеото е компилација од избрани видеа на „Лајбах“ и документарни снимки на „Бијело Дугме“.