Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов“ – Театар Штип ќе ја изведе својата последна премиера за 2024 година.
Tеатарската претставата за деца „Магична симфонија” од авторката Весна Куслеска, а во режија на Никола Ристов, премиерно ќе биде изведена во вторник, 17.12.2024 год. во 19:00 часот на матичната сцена на Народниот театар – Штип. Додека пак, првата реприза е закажана на 18.12.2024 (среда).
Во претставата играат: Миле Вратеовски, Анѓелка Нашкова, Мирко Голомеов, Стефанија Митовска и Милорад Ангелов а гласот на цвеќето е Елена Шорова Дербов.
Композитор е Илија Ќосевски, костимите се на Ирена Китанова Мирасчиева, кореографијата е на Марија Минчева Андонов, сценографијата и анимациите се на режисерот Никола Ристов а дизајнот на Анѓелка Нашкова.