Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов“ – Театар Штип повторно е пред нова премиера! Претставата „Стан 54” од авторот Никола Кузелов, а во колективна режија, премиерно ќе биде изведена во петок, 13.12.2024 год. во 20 часот на матичната сцена на Народниот театар – Штип.
Оваа претстава е копродукција помеѓу НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип и авторот Никола Кузелов.
Во претставата играат: Никола Кузелов, Ања Митиќ, Нела Павловска и Виктор Велевски. Драматург е Весна Куслеска.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија.