Легендарниот музичар Дадо Топиќ ја воодушеви публиката со песна која сигурно ќе стане незаменлив дел од празничниот репертоар. Неговиот последен сингл „Božićna želja“ претставува совршен спој на традиција, емоции и љубов за Божиќ, евоцирајќи ја топлината на семејната средина и универзалната вредност на заедништвото.
Зад оваа Божиќна песна стои одличен креативен тим. Музиката и аранжманот се на Брано Ликиќ, чиј препознатлив стил одлично ја надополнува емоцијата на песната. Текстот е дело на Мирослав Пиље, кој на поетски и трогателен начин ја долови суштината на љубовта и празничниот дух.
Овој сингл, кој зборува за љубовта како најголем подарок што можеме да го добиеме и да го дадеме, дава нежна, но моќна порака. Емотивниот текст не води низ приказна за љубовта која ги надминува сите препреки, приказна за желбата љубовта да трае вечно. Токму во овој едноставен, но моќен концепт лежи убавината на оваа песна која го отсликува духот на Божиќ, а за сите оние кои бараат песна која ќе донесе топлина во нивниот дом оваа празнична сезона, „Božićna želja“ е совршен избор!