„Битола виа Дебар” – изложба на стари фотографии на Зафир Ошавков во Музеј Битола

Во четврток во Битола ќе се отвори изложбата на стари фотографии насловена „Битола виа Дебар” на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (Дебар,1905 – Битола, 1996). Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија.

Отворањето на изложбата е на 12.12.2024 (четврток) во 19 часот во НУ Завод и Музеј – Мала сала во Битола, а истата ќе биде поставена до 31 декември 2024 година.

На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии снимени помеѓу 1930 и 1945 година, изработени од оригинални негативи (стаклени плочи) и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.