Балетот „Дамата со камелии“ на Националната опера и балет, синоќа се изведе во Центарот за култура – Битола.
„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика на премиерата на 31 октомври 2014 година. Музиката е од прославениот Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.
Во улогите на Маргарита и Арманд беа Марија Кичевска-Шокаровска и Франсиско Хименес Руис од Шпанија.
Вечерва во Центар за култура – Битола ќе се изведе „Кармина Бурана“.




Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски