Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп во рамки на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ најавува премиера на претставата „По име господин“ на 6-ти декември.
Претставата е во режија на Борис Василески а по текст на Филип Ноле. Играат:
Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски, Дарко Карбески
и Наталија Ристеска.
Идејата да се отфрлат општествените правила и да се живее живот надвор од
капиталистичките и потрошувачки рамки – и тоа денес, во Западниот свет – тоа, за
волја на вистината, се граничи со апсурд. Но за Господин, апсурдни и бесмислени се
бесконечните наметнати потреби и норми на денешното живеење кои ги трошат и ги
обезвреднуваат нашите животи. Преку глава му е од сѐ, па решава да се ослободи, да
живее едноставно и да достигне апсолутна индивидуална слобода и независност,
надвор од „капиталистичката работничка мелница“. Ниту прифаќа да работи, ниту да
користи пари. Неговата идеја е радикална, но тој не гледа друга можност за себе. За да
се издржува, во подрумот сместува еден необичен придружник – лама, која му помага
да се одржува во живот без да се предаде на бескрупулозното секојдневие и
материјализмот.