Театарската претстава „Лекција“, во копродукција на Motion Network и НУЦК „Ацо Шопов“ Штип, е селектирана да гостува на 20-то издание на фестивалот „Performing Tangier“ во Танжер, Мароко.
Изведбата е закажана на 6-ти декември 2024 во Палатата на уметностите и културата во Танжер, Кралството Мароко.
Претставата е по текст на Ежен Јонеско а во режија на Ѓорѓи Ризески. Кореографијата е на Бојан Мицев а музички композитор е Антонио Ристески. Играат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов. Актерот Ѓаурски заедно со режисерот Ризески беше задолжен и за сценографијата на претставата а костимите беа колективен труд.
Претставата е премиерно изведена во септември 2023 год, со поддршка од Министерство за култура и туризам на РСМ и спонзорство од Лонгуров принт и НУ Библиотека „Гоце Делчев” – Штип. „Лекција” како копродукција меѓу НУЦК Ацо Шопов и Моушн Нетворк сеуште активно се изведува на репертоарот на Театар Штип а истовремено доживува афирмација преку учества на домашни и интернационални фестивали.