Од 2 до 6 декември, 88 кина низ Европа ќе светат под истото филмско небо – а на 4 декември, 3Д Кино Битола ќе биде вашиот прозорец кон оваа магија!
По тој повод е подготвена програма која започнува во 19:30 со Свечено отворање, по што од 19:45 следува проекција на „Вкусот на љубовта“ – награден филм од Кан. По филмската проекција закажана е дискусија со Филип Чаловски и Илија Тирицовски од 22 часот а во 22:30 е концертот на Dejanie.


