Седмиот албум на Крсте Роџевски под насловот „Крстена вода“ ќе има слушачка промоција на 27 ноември во „Аудиокултура“ во Скопје од 20 часот. Албумот содржи дванаесет нови песни во отскриена, сува, наивна форма. Најубавата. Снимени се како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк. А во издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат.
Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски.
Само во оваа прилика, винилното издание на албумот „Крстена вода“, ќе биде достапно по промотивна цена.
Фотографија: Диоген Хаџи Коста Милевски