Центарот за култура – Битола ги поканува сите љубители на филмската уметност на патување во магичниот свет на јапонската анимација!
На 2-ри декември од 19:30 ч. ќе се прикаже „5 САНТИМЕТРИ ВО СЕКУНДА” (5 Centimeters per Second / Byôsoku 5 senchimêtoru). Филм во режија на Макото Шинкаи, е анимиран филм, величан од критиката како еден од најдобрите јапонски аниме филмови. Овој емотивен филм ни ја прикажува нежноста и болката на љубовта низ очите на двајца млади кои времето и далечината ги разделуваат.
На 3-ти декември во 19:30 ч. ќе се прикаже „ВЕТЕНОТО МЕСТО ВО НАШИТЕ РАНИ ДЕНОВИ” (The Place Promised In Our Early Days / Kumo No Mukou Yakusoku No Basyo). Длабока приказна која ги истражува темите на соништата, пријателството и ветувањата, спакувана во импресивна визуелна уметност.
Јапонската анимација, позната како „аниме“, е многу повеќе од забава. Таа е уметност што ги спојува визуелната естетика, емотивната длабочина и филозофските прашања. Со својата уникатна култура, Јапонија ни покажува како приказните можат да го обединат минатото, сегашноста и иднината.
Локација на проекциите е мала сала а влезот е слободен.