„И није ми жао што лете године, кад још увек иста глад за животом води ме, и није ми жао што део себе свима сам дао, ево играчу још брже, дишачу без страха, јер живот је мој до последњех даха.“ – пее Ѓуле во новиот сингл.
Откако не’ израдуваа во 2019 година со албумот ,,Море без обала” и турнеја која траеше цели пет години, групата „Ван Гог“ започнува ново музичко поглајве со синглот ,,Луд и сам”.
Како што вели фронтменот на групата, Звонимир Ѓукиќ, бендот не си го дозволи луксузот да се потпре и да го повтори она кое веќе го има постигнато, во креативна смисла.
„Следејќи го сензибилитетот, се осмеливме на нов музички исчекор. Сега, кога албумот е завршен, желбата ни е на секои три месеци, чекор по чекор, сингл по сингл, спот по спот, да ја размениме енергијата со публиката. Сите коцки од мозаикот ќе се сложат во 2026 година, во форма на винил и ЦД.“- вели Ѓуле.
„Ван Гог“ ќе се појават пред македонската публика на 14 декември на фестивалот „Турбо рок“ во СЦ Јане Сандански, заедно со Неле Карајлиќ и „Ју Група“.