„Мизар“ ја започнува турнејата со концерт во Скопје

„Мизар“ најавува самостоен концерт во Скопје за почеток на нивната регионална турнеја. На 6-ти декември во Младинскиот културен центар – Скопје со почеток од 20 часот е закажан скопскиот концерт.

Декември е месецот на интензивна концертна активност на „Мизар“ а почетна сцена е Скопје. Веќе е најавен и концерт во Белград, кој ќе се одржи на 29-ти декември во Дорчол Плац.

Влезниците за скопскиот концерт се веќе достапни онлајн на bileti.mkc.mk или на касата на МКЦ.