Објавен спот за дуетот на Миа Димшиќ со Влатко Стефановски

Миа Димшиќ го објави спотот за „Društvena pravila“, песна создадена во соработка со легендарниот гитарски виртуоз Влатко Стефановски. Снимено на шармантните скопски улици, видеото зрачи со урбана естетика која во комбинација со текстовите на Миа создава атмосфера на личен отпор и размислување за општествените норми.

Преку текст и изведба, Миа храбро ги истражува површните непишани правила и предизвикот на предизвикувачките конвенции. Новиот сингл ја открива нејзината бунтовничка страна, фокусирајќи се на притисоците и цензурата со кои се соочуваат многумина. Песната „Društvena pravila“, која го дели насловот со албумот, критички ги осветлува нормите кои самата Миа ги доведува во прашање, а овој искрен пристап ја истакнува како глас кој не сака да молчи.

Албумот „Društvena pravila“ вклучува и претходно издадени синглови како „Stranac kojeg znam”, „Ajmo u đir”, „Bejbe” i „Uzalud ti sve“ обединети како резултат на неколкугодишната креативна работа. Заедно со Миа, авторскиот тим го сочинуваат Дамир Бачиќ и Вјекослав Димтер, а аранжманите ги подготвија Иван Пешут, Анте Гело и Бојан Шаламон – Шала.