„Плави оркестар“ се обединуваат во оригиналниот состав после 35 години

Еден од најпопуларните бендови на овие простори воопшто, „Плави оркестар“, би можел да ја израдува својата армија обожаватели во наредната 2025 година. Имено, во музичките кругови се шпекулира дека на Саша Лошиќ – Лоша и браќата Черемида ќе им се придружи оригиналниот гитарист Младен Павичиќ – Пава, коавтор на легендарниот хит „Суада“.

Во март 2025 година, ќе се навршат точно 40 години од објавувањето на нивниот деби албум „Солдатски бал“, кој би можел да биде совршен повод за повторно обединување со оригиналниот состав, во кој ги објавија албумите „Солдатски бал“, Смрт за фашизму“, „Сунце на прозору” и „Симпатија,“ по кои следеа истоимените турнеи. Трагичните околности на војната во поранешна Југославија ги разделија членовите на групата, а Младен Павичиќ – Пава го однесе во далечната Канада, и оттогаш не свирел со своите пријатели од бендот.

„Плави Оркестар“ е еден од ретките бендови на овие простори кои доживеаја популарност слична на „Битлеманија“. Нивните албуми се продадени во стотици илјади примероци, а обожавателите дури кампуваа пред хотелите каде што престојуваа. Тие ги гледаа Лоша, Пава и браќата Черемида како нивни најголеми идоли.

Кариерата на бендот започна во 1983 година во Сараево како дел од движењето Нов примитивизам, од кое се појавија Елвис Ј. Куртовиќ и „Забрането пушење“. Но, со објавувањето на првиот албум „Солдатски бал“ во 1985 година, и хитовите како „Боље бити пијан него стар“, „Суада“ и „Goodbye Teens“, „Плави оркестар“ стана феномен на просторот на поранешна Југославија.

Тие веќе се обединија претходно оваа година, но ако се случи повторното обединување, оригиналниот „Плави оркестар“ ќе настапи заедно за прв пат по 35 години.

Веста ја потврди музичкиот промотор Томислав Кашљевиќ, кој потврди дека се разговара за враќање на оригиналниот состав на „Плави оркестар“.

„Ќе направиме се за да го постигнеме враќањето на оригиналната постава со кој растеа генерации. Разговорите се уште траат, наскоро ќе објавиме нови информации. Ова го гледаме не само како бизнис можност, туку и како настан кој ќе остави емотивен белег на целиот регион.“ – рече Кашљевиќ.