Македонската филмска режисерка Теона Стругар – Митевска изминатиов месец е во Белгија каде ги снима ентериерите за нејзиниот нов филм „Мајка“. Сцените се снимаат во Шарлроа, град во Јужна Белгија.
„Мајка“ e дебито на англиски јазик на Митевска и ќе следи седум дена во клучниот момент во животот на Мајка Тереза, кога таа ќе одлучи да го напушти манастирот Лорето Ентали во Калкута и основа свој ред.
„И јас и Теона некако имаме сврзно ткиво со одлучната тврдоглавост на Мајка Тереза и како таа презема нешто и како не се повлекува и само пробива. Можам да се поврзам со тоа, дека продолжувате да се борите за нешто во што верувате, дури и ако сите ви велат дека тоа нема да се случи. Или никој друг не може да го види“. – вели актерката Нуми Рапас која ја игра Мајка Тереза.
Митевска веднаш по учеството на Сараево Филм Фестивал овој август замина за Калкута, каде ги финализираше локациите за „Мајка“. А од 23 септември е во Белгија, каде што се снима ентериерот, пред да се пресели за екстериерите во Индија.
„Ова не е биографски филм“, изјави Митевска за Variety, опишувајќи го филмот како слика од една недела од животот на светицата „пред таа да стане Мајка Тереза што ја знаеме денес“.
„Сакавме да ја демистифицираме личноста зад митот и едноставно да зборуваме за оваа многу интелигентна, амбициозна жена со големо срце, која беше исто толку погрешна како и сите нас“, додава режисерката.