Поетот Славе Ѓорѓо Димоски е добитиник на наградата „23-ти октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4 октомври донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.

Наградата „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста му се доделува на Славе Димоски, поет.

Димоски е роден на 18 март 1959 во селото Велестово, Охрид. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее и твори во родното село. Во два мандата бил претседател на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Димоски е основач и долгогодишен претседател на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Член е на македонскиот ПЕН центар. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици како англиски, руски, српски, латвиски и други.

Претседател на Одборот за доделување на наградата „23 Октомври“ е Блаже Миневски.

Наградата ќе му биде врачена на добитникот на 23 октомври 2024 година (среда) во 12 часот во Собранието.