НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип е пред нова премиера. Во Народниот театар Штип на 19. Октомври 2024 год. (сабота) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Пијани- литургија zero“, Според текстови на: Хајам, Вирипаев, Достоевски, а во адаптација и режија на Дејан Пројковски.
Во претставата играат: Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Никола Кузелов, Кристина Атанасова – Арсова, Анѓелка Нашкова, Елена Шорова – Дербов, Марија Минчева – Андонов и Ава Хусеини.
Како сценограф се потпишува Валентин Светозарев, костимограф е Раде Василев, а композитор е Горан Трајковски. Драматург е Габриела Коцева – Тулиев, дизајнот на плакатот е на Сергеј Светозарев.
Првата реприза е закажана на 22. Октомври (вторник), а влезниците се веќе пуштени во продажба.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија.