Синоќа големата сала на Центарот за култура – Битола беше исполнета до последното место за стенд-ап перформаност на актерот Сашко Коцев под насловот „Широк дијафазон“. Изведбата која вчера траеше два часа ќе добие и своја реприза на 24-ти октомври, по распродавањето во неколку часа на влезнците за вчерашаната изведба.

Со овој настан, Центарот за култура го започна и одблежувањето на својот 44-ти роденден. А октомври е традиционално роденденски месец кој секогаш е исполнет со бројни настани.
„Со настаните кои се веќе запишани во календарот на Центарот за култура Битола, за месец октомври ќе докажеме дека ние сме Центар за култура со најмногу и најквалитетни настани во Македонија. Тоа го дакажавме и вие го докажавте вечерва на првиот настан во Центарот.“ – истакна Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура.

Во текот на целиот месец се најавени неколку филмски премиери, изложба, концерт, промоција на книга и уште многу други настани кои наскоро ќе бидат најавени на социјалните мрежи.

