Под мотото „СЕ Е ТВОЕ “ од 1. до 5. Октомври ќе се одржи третото издание на
Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. Инспирација за годинешен слоган е од безвременото писмо на Горан Стефановски, до својата внука Калина, во кое вели:
Сиот свет сега ти припаѓа тебе и сè во него е твое!
Твои се земјата и луѓето
И животните и билките,
И морето и рибите
И небото и птиците
Твои се сонцето и ѕвездите
И твоја е месечината
Сѐ е твое!
„Среќни смешто годинава по трет пат ќе бидеме домаќини на исклучително
квалитетни претстави од регионото и Европа. Програмата е побогата од претходните
две години, а за тоа потврдува нашиот растеж кој го имаме како фестивал, изјави
Катарина Илиевска – Силјановска, Директорка на Театарот за деца и младинци.
Свеченото отворање ќе биде со претставата „НЕ МЕ ЧЕКАЈ “, во изведба на Театарот
,,Снег на трепкитеа“ од Нант, Франција а во наредните денови публиката ќе може да
ужива во претставите: „Тогаш кога се изгубивме“ на „Краљевачки театар“ од Краљево,
Србија, „Палешка“ на куклениот театар од Љубљана, Словенија, „На гости кај Кате и
Фреда “на театар „Бабец“ од Битола, „ Си беше еднаш еден лав “, во изведба на Детски
театар на Република Српска,Бања Лука, БИХ, „Прадевојче“ на Национален театар
„Тоша Јовановиќ” Куклена сцена Зрењанин,Србија, , „ Светско шоу на ѕвездите “ на
Кемал Фатих Полак, Караѓоз театар од Истанбул, Турција, „Дупка и копче “ на Илоко
театар од Рим, Италија, „По трагите на волкот“ на Младински театар, Нови Сад, Србија,
„О ла ла“ на Градски куклен театар, Ријека, Хрватса. Затворањето на фестивалот ќе
биде со нашата престава „Франкенштајн” каде веднаш после изведбата ќе бидат
доделени и наградите.
Фестивалот и оваа година покрај ГРАН ПРИ наградата доделува Награда за најдобра
режија, две актерски награди, сценографија, коситмографија, специјална награда.
Селектор на фестивалот оваа година е Драгана Милошевски Попова, режисер,
вработен во Театар за деца и младинци, а извршен продуцент е Миодраг Костиќ
„На фестивалската програма можеби не се најновите претстави од регионот и Европа,
но затоа се најважните кои нашата публика мора да ги погледне. Претстави, кои
отвораат мошне различни, но суштествено важни теми и форми“, изјави Драгана
Милошевски – Попова, селекторка на програмата.
Стручното жири е во состав: Рената Ќарола Гатика од Хрватска , Ана Левајковиќ
Бошков, актер во ТДМ и Билјана Крајчевска, драматург при Битолскиот театар.
Претседател на советот на фестивалот е Владимир Лазовски, актер и поранешен
заменик министер во Министерството за култура.
„Театарот за деца и младинци постои 33 години и среќни сме што трета година по ред се
одржува овој фестивал. Наместо да зборуваме за тоа каде оди детскиот театар и за
продукцијата, ние зборуваме за финансии. Оваа година работевме напорно и си го поставивме
прашањето ќе нѐ биде или нема да нѐ биде’, но јас навивам за ова првото“, рече актерот
Владимир Лазовски.
Детско жири составено од седум челенови и оваа година ќе биде застапено, кое
повторно ќе има задача да ја оцени и награди најдобрата претстава на фестивалот, по
нивен избор.
Годинава фестивалот „ИГОР МАЏИРОВ“ продожува со соработката со Факултетот за
драмски уметности, каде ќе биде одржан ,,Мастер класот” на Театарскиот режисер од
Чешка Република, Г-динот Јакуб Максимов. Исто така ќе се одржи работилница за
куклен театар и креативно пишување наменета за младите таленти, а истата ќе биде
предводени од менторите: Давор Драгојевиќ од Црна Гора, Драгана Лукан
Николовски, Драматург во ТДМ и Хана Миленковска, режисер во нашиот театар.
Фестивалот се одржува под покровителство на Претседателката на државата Г-ѓа
Гордана Сиљановска Давкова, а со финансиска поддршка од Министерството за
култура и туризам.
Цената на билетите се со симболична цена од 150 денари, по повод ,,Светската недела
на детето”.
