„На Кино па Олабај“ – Од денеска започнува off програмата на Меѓународниот филмски фестивал Браќа Манаки

„Кој ти е филмот?“ – е прашањето што го упатуваме денес од филмска Битола

Во срцето на Битола, каде што се надмудруваат реалноста и филмот, се наоѓа простор исполнет со илузии, филмски и уметнички приказни. Ова место е повеќе од физички простор; тоа е портал кон светови каде што можностите се безгранични, а новите чувства и доживувања испаруваат од секоја пора на каменот.

„На Кино па Олабај“ е почетната точка на сечие лично поврзување со филмот, ова е програма која ја надополнува официјалната програма на Меѓународниот филмски фестивал Браќа Манаки.

Програмата започнува вечерва во Кино Манаки каде Битола ги рашири зениците пред проекцијата на документарниот филм „Патување пеш“ на Тамара Котевска во организација на Божиновски фондација.

23 – 27 септември, во КЦ Магаза ќе биде поставена креативна поставка која ќе ве понесе во сопствениот филм, а понатаму, што ќе правите со тие кадри е само ваша одлука. Поставка која ја поттикнува фантазијата, ја храни интелегенцијата, ја раскажува историјата и ја меморира сегашноста.

Во програмскиот дел вклучена е промоција на Фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ на авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ; уметничкиот преект Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата – изложба на фотографии, графики и видео-арт, автор: Игор Трајковски Фоја; филмските работилници за млади „Наследниците на Манаки“ менторирани од режисеркаата Марија Џиџева и кинематограферот Димо Попов; работилниците за накит „Хаотични шармантни креации“ под менторство на младата уметница Сташа Божиновска, мотивациската изложба „Биди малку смела“ на визуелната уметница Ангела Христовска, која е крик што ги извикува најскришните лични борби и преиспитувања на жената, уметничките сликарски работилници под менторство на уметницата Љубица Мешковска Солак, „АФТЕРворк ПРЕД да влезиш во филмО“  итн.   

*Проектот „Олабај“ го реализира АРТАКТ – Битола и е поддржан од Министерство за култура и туризам и локалната бизнис заедница.