Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија Куманово“ своето 27-мо издание ќе го има од 24-ти септември до 9-ти октомври во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
На програмата се претстави на Театарот Ј.Х.К. – Џинот од Велес, Тетовскиот театар, Народен театар – Охрид, Театар Комедија, Народен театар – Штип и домаќините од Театар Куманово од македонска и албанска драма. Освен домашните претстави учествуваат театри од Враца и Плевен во Бугарија, Врање и Ниш од Србија. Покрај професионалните театри ќе има и студентски претстави од ФДУ и Универзитетот Европа Прима.
Во рамки на програмата е и промоција на театарски изданија од Стериино позорје од страна на извршниот директор на Стериино позорје, драматургот и публицист Горан Ибрајтер.
Овогодинешен лауерат на наградата „Васил Иљовски“ која се доделува на фестивалот е актерот Сашко Коцев.

