Во четврток на 22.08.2024 се отвoра 12-то издание на изложбата СО ЉУБOВ ОД БИТОЛА

🔸„Историја во создавање’’ е мислата со која е поврзано ова 12-то издание на изложбата ❤️ СО ЉУБOВ ОД БИТОЛА ❤️ која ќе го доживее своето свечено отворање на 22.08.2024 – четврток во 19:30 часот во галерискиот простор на фоајето на НУ Центар за култура Битола.

фотографија – Бентиа Стојмирова

🔸Оваа година изложбата се состои 26 фотографии од 20 автори ,а темата на конкурсот беше „МОДЕРНИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ СИМБОЛИ НА БИТОЛА “ – Задачата за фотографите беше на креативен начин да се направи фотографско сведоштво на објектите и инфраструктурата со датум на изградба после 1950 година.

🔸 Стручното жири во состав Дражан Брачиќ – Фотограф, Александар Котевски – Кинематографер и Илија Тирицовски – продуцент од пристигнатите 90-тина фотографии од 23 учесници на конкурсот селектираа 23 фотографии кои ќе бидат дел од овогодинешното издание на изложбата и ги селектираа најдобрите 3 фотографии кои ќе ги добијата паричните награди и 2 фотографии кои ќе добијат пофалница. Традиционално дел од изложбата се и 3 фотографии со кои се претставува стручното жири

🔸Сите фотографии кои пристигнаа на конкурсот а не беа селектирани како дел од изложбата ќе бидат дел од електронската изложба која ќе биде прикажана на денот на отворањето 22.08.2024 – четврток од 19:30 часот

🔸Реализацијата на ова 12-то издание на изложбата е финансиски поддржано од нашиот партнер Сава пензиско друштво а.д. Скопје кои ја продолжувaат традицијата на поддршка на проекти кои се насочени кон вклучување на граѓаните и поддршка на урбаната култура веќе 5-та година по ред. Сава пензиско друштво а.д. Скопје

🔸 Како своевидна ризница и дигитална фотографска библиотека на Битола – проектот СО ЉУБOВ ОД БИТОЛА оваа година е дел од Битолското културно лето Бит-Фест 2024 и е поддржана од Општина Битола Општина Битола

🔸Ве покануваме да ја посетите оваа исклучителна изложба и да ја погледнете Битола од еден интересна перспектива со сите објекти кои се симбол на модерното лице на нашиот град.

🔸Сите љубители на фотографијата ќе имаат можност да ја погледнат изложбата од 22.08.2024 до 05.09.2024 во периодот на работно време на Центар за култура Битола

фотографија – Викторија Стојковска