Вчера вечерта, уникатен состав на музичари нè пренесе, суптилно и гласовно, во New York.
Битола, после дожд, освежена и под отворено небо уживаше во звуците кои нè однесоа во New York. Слушавме познати мелодии, но изведени на посебен начин. Честитки за сите музичари кои вчера креираа магија во Пациото во НУ Завод и Музеј на Битола.
Овој концерт се организираше со цел: За Зелена БИТОЛА! За Зелена Битола е иницијатива на Ротари клуб Битола со цел да придонесе во креирање на чиста и зелена Битола и подобрување на целокупниот квалитет на животната средина на градот преку промоција на одржливи практики и вклучување на заедницата во сферата на екологијатa.
New York во Битола го носат музичарите кои се ѕвездите на овој концерт во организација на Rotary Club Bitola. Тоа беа солистите:
Магдалена Крстевска е кларинетистка родена во Мелбурн и има настапувано како солистка, рециталистка, камерна музичарка и оркестарски кларинетист во реномирани музички сали низ Велика Британија, Австралија, Европа и Кина. Студиите ги завршила на Конзерваториумот за музика во Мелбурн, Австралиската национална академија за музика и завршила магистерски студии по изведба на Кралскиот колеџ за музика, Лондон. Магдалена живее во Лондон, каде што редовно настапува со Англиската национална опера и свири концерти низ Велија Британија и Холандија со нејзиниот ансамбл, Delphine Trio.
Виолинистот Симон Поповски е роден во Битола, магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и Florida Atlantic University, САД. Работел во реномирани оркестри како Palm Beach Opera, Boca Symphony Orchestra, Македонска Филхармонија. Активно концертира како соло и камерен и орлестарски музичар. Настапил како солист со Македонската Филхармонија, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Оркестарот на Музичка Младина на Македонијa, Битолскиот Камерен Оркестар, како и Симфонискиот оркестар на FAU. Настапува на реномирани фестивали низ Македонија, Србија, Италија, САД, Кина, Австрија и други. Моментално работи во Камерниот Оркестар на Битола.
Македонскиот басбаритон Иван Наумовски дипломира вокално пеење на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје со највисоки почести cumlaude (2013). 2016-та година магистрира со највисоки почести Auszeichnung во одделот Musiktheater на државниот Универзитет во Грац. Во 2021-вата година магистрира во областа Lied und Oratorio на државниот Универзитет во Виена (MDW). Во неговата кариера бележи настапи со оркестарот на МОБ и Македонската Филхармонија, како и рецитали на фестивалите Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонската музика, Интерфест- Битола, Mајски оперски вечери и Есенски музички свечености. Низ неговата соло кариера, настапува и соработува со врвни имиња низ Норвешка, Франција, Австрија, Хрватска, Германија, Чешка, Косово, Босна и Херцеговина, како и низ својата земја. Добитник е на бројни државни и меѓународни награди и признанија.
Ангела Димковска е родена на Битола, каде го започнува своето музичко образование. Основно и средно музичко завршува во Државно музичко училиште – Битола во класата на проф. Александар Стефановски. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на проф. Страшо Темков. Учествува на разни концерти и културни настани како Денови на македонска музика, Денови на Европско Скопје, Скопско лето, Битолско културно лето, Мај Месец Музике во Врање. Исто така учестувала на концерти и работилници од Музичка Младина на Македонија. Има соработувано со Македонска филхармонија каде соработува со многу истакнати диригенти, а моментално работи во НУ Камерен оркестар на Битола како прва флејта со кој остварува многубројни концерти.
Марјан Бакревски е наставник по кларинет и оркестар во Државното музичко училиште во Битола, каде го завршил своето основно и средно образование во класата на проф. Панде Татарчевски. Своето високо образование го продолжил на Факултетот за музичка уметност во Скопје и Бостонскиот Универзитет во Бостон, САД, а магистерските студии на Моцартеум, Салзбур, Австрија. Во 2014 го обновил Битолскиот Дувачки оркестар каде е диригент и водач на оркестарот.
Во ансамамбалот настапија: Валентин Наумов, Владимир Цветковски, Марија Јанчулеска, Милена Марковска, Марио Робе, Никола Трајановски, Владимир Димовски, Дејан Цветковски, Коста Стеваноски, Доминика Робе Поповска, Дамјан Груевски. А настапи и танцовиот спортски клуб ,,Степ Ап’’.
There is no gallery selected or the gallery was deleted.