На вториот фестивалски настапи „Тheatre Stories“ театарот од Литванија со претставата „Стапица“.
Претставата ,,Стапица” е создаденa во соработка помеѓу група литвански и француски театарски уметници. Визуелната, надреалистичка претстава „Стапица“ длабоко ја истражува темата на манипулација. Претсавата е инспирирана од лични искуства на уметниците и судири со заблуда, манипулативна реалност и појава на маски во нашиот секојдневен живот. Уметничката форма на ,,Стапица” е инспирирана од ликот на симболот на маската и неговата уметничка интерпретација во делата на познатиот литвански и полски сликар Стасис Еидригевичиус, како и делата на Јан Шванкмаер. Во претставата „Стапица“ идеите не се артикулираат преку зборови, туку преку предмети, маски и движење. Маските за изведба се креирани од познати канцелариски предмети од секојдневниот живот и помагаат да се открие внатрешната состојба на ликовите (актерки: Кристина Маурушевичиуте и Вилма Раубаите) Ликовите во „Стапица” постојано се наоѓаат во разни манипулативни мрежи: разновидни сценарија на експлоатација на пазарот на трудот, имагинарни злосторства, општествени норми, лични стравови и нереални соништа. Со цел да се одбрани и да се усогласи, карактерот на актерката Кристина Маурушевичиуте не само што се спротивставува, туку и ги слуша улогите наметнати од манипулаторите, почнувајќи сама да носи маски. Бегајќи од една во друга стапица, таа се наоѓа самата себе заробена во другите – попаметна, посветла, сè поневидлива, исто како во современото општество и во нашиот секојдневен живот. Како да се задржи честа и достоинството во овие околности? Дали е можно да се избега од стапицата на манипулаторите? Кои се причините за бескрајната манипулација? Актерките Вилма Раубаите и Кристина Маурушевичиуте користат маски во претставата како средства за откривање на сложени односи меѓу ликовите на претставата и нивните внатрешни чувства. Маските за изведба се динамични, моќни и неочекувано, парадоксално создадени од различни предмети специфични за деловен простор. Овие маски кои постојано се менуваат како нашите постојано менливи улоги во општеството. Ова ќе биде интересен предизвик и поука за тинејџерите во иднина да се спротистават на манипулациите со кои ќе се соочат во животот и да се борат секогаш да го одбранат својот идентитет и интегритет.
Theatre Stories е театарска платформа која обезбедува можности и простор за изведувачки уметници од различни земји да експериментираат и да истражуваат нови визуелни театарски јазици и можности и на нивни нови уметнички начини да раскажат значајни приказни преку визуелни театарски средства и да разговараат со нивните гледачи за релевантни и значајни теми. Le Tas de Sable – Ches Panses Vertes, копродуцискиот партнер на овој проект, е место и компанија посветена на уметничко истражување и создавање на кукларство и современо пишување. Проектот може да се подели на четири главни области: продукција, менторство на уметници, планирање и пренос на настани. Развојот на истражувањето е петта вкрстена цел. Le Tas de Sable – Ches Panses Vertes постојано бара нови начини за растегнување на границите, за поддршка на иновациите и подобрување на комуникацијата со публиката.
There is no gallery selected or the gallery was deleted.