Вчера во Центарот за култура – Битола започна 13-то издание на ИДТФ Битолино. Честа да настапат на свеченото отворање на тринаесеттото издание на ИДТФ Битолино им припадне на Antzoki Teatteri од Шпанијасо претставата „Огномет– искри на животот“. А претходно се одржа првата сесија од работилницата на Војо Цветановски.
ANTZOKI TEATTERI е професионална театарска компанија која е создадена во 2012 година. Оттогаш, тие имаат премиерно изведено 9 претстави, и се една од најактивните шпански театарски компании во делот на интернационално презентирање на шпанската култура и театар. Нивните претстави се гледани во Америка, Европа и Африка. Тие се меѓународно признати за нивното учество на бројни меѓународни фестивали и на нивниот репертоар се играат претстави кои раскажуваат приказни кои влијаат на општеството. Тие се двапати наградени со Гран-при на Шпанија за изведувачки уметности, во 2019 и во 2021 година.
Едно девојче и момче преживуваат воен конфликт. Заедно тие бараат засолниште каде што можат да се засолнат и да преживеат. Приказна за борба, издржливост, поддршка и вистинското значење на пријателството. Кога не можеш да избереш, се бориш. Да живееш, да одиш, да гледаш, да се насмевнуваш… Игрите на постарите не секогаш завршуваат како кошмари на помладите. Знаете ли зошто? Затоа што децата ќе го променат светот онолку пати колку што е потребно. Децата во Битола ќе имаат можност да погледнат и доживеат едно ново театарско решение врз основа на една тажна и потресна приказна со силна порака до возрасните и мотивација за децата уште еднаш да го променат светот на подобро.
Вечерва на програмата е Theatre Stories од Литванија со претставата „Стапица“.
фото: Ивона Кочов
There is no gallery selected or the gallery was deleted.