Свечено отворен Етнографскиот филмски фестивал

Со проекција на филмови од Хрватска и Бразил синоќа во Центарот за култура – Битола свечено беше отворен Етнографскиот филмски фестивал.

„The Postman from the stone place/ Поштарот од камењарот“ во продукција на Загреб Филм од Хрватска и „Unvençäo do outro/ Откривање на другиот“ од Бразил беа на репертоарот за првиот фестивалски ден.

На отворањето се обратија селекторот Тони Гламчевски и директорката на Центарот за култура – Битола, Маја Андоновска – Илијевски, која го прогласи истиот за отворен.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски