Лоциран во старо складиште на историската железничка станица на Битола, далеку од метежот на градот, Клубот Јагода кој е пренаменет напуштен простор му даде концепт на суровиот, индустриски шарм од стартот на минатиот век со ново живо срце на електронска музичка сцена.


Креативци од различни дисциплини ја прикажаа својата работа, претворајќи го просторот во динамична галерија. Од впечатлива визуелна уметност до моден дизајн и на новите и на етаблираните творци. А саемот беше пропратен со DJ-set на артистката од Белград, Србија DJ BAJ:NO.
Спој на уметност, дизајн и иновации додека креативците и некои стартапи од областа на дизајнот и модата ги прикажуваат своите колекции. Од визуелни уметности ставени на аксесоари и маици до рециклирани предмети кои наоѓаат примена во секој дом во кој живеат естети. Овој настан го истакна потенцијалот и различноста во креативниот сектор кај нас.


фото | Диоген Хаџи Коста Милевски