Од 28-ми јуни до 2-ри јули во Битола ќе се одржи јубилејното 10-то издание на Шекспир фестивалот. Мотото на фестивалот оваа година е „Месечината јасно свети во ноќите како оваа“ и е цитат од „Венецијанскиот трговец“.
Фестивалот се отвора со претставата „Едвард II“ која копродукција на НУ Центар за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес и НУ Драмски театар од Пловдив, Бугарија во режија на едно најголемите имиња на европскиот театар во моментов, Андреј Жолдак.
„И оваа година успеавме да создадеме интересна програма и се надевам ќе биде посетена од битолската публика.“ – порача директорот Иван Јерчиќ.

Во сабота (29 јуни) на програмата е домаќинот Народен театар – Битола со претставата „Хамлет – денот на убиствата“ а истата вечер ќе биде изведена и претставата „Цезар“ на Катс Шахне Театар од Истанбул, Турција во режија на македонската режисерка Сибел Абдиу. Во недела (30 јуни) по трет пат во Битола гостуваат Имперфект денсерс компани од Италија кои во Битола ќе ја имаат светската премиера на нивната претстава „Отело“. Во понеделник 1-ви јули гостува Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Бура. Фестивалот се затвора со „Ромео и Јулија“ на Театарот „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија.