Бабец театар ја објави програмата за 13-то издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. На сцените на Народен театар и Центар за култура во Битола од 3-ти до 7-ми август во ќе гостуваат театри за деца од Германија, Литванија, Португалија, Шпанија, Словачка и Унгарија. А домаќинот Бабец театар ќе ја изведе својата последна претстава „На гости кај Кате и Фреда“ во рамки на ОФФ програмата.
Публика ќе има прилика да ги погледне: Antzokki Teatteri од Шпанија кои ќе ја изведат претставата „Огномет – Искри на животот“, Theatre Stories од Литванија со претставата „Стапица“, Imaginar do Gigante со „Големото езеро“, Theater Kunstdunger од Германија со „Подла патека“, Odivo theatre од Словачка со претставата „Воздух“ и Gobi Dance Company со „2-М2“.
Фестивалот оваа година ќе се одржува под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“ а со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Битола и Комерцијална банка.
