На 17-ти јуни Народен театар – Битола со претставата ,,Хамлет – денот на убивствата ,, во режија на Марјан Неќак, НУ НТБ ќе учествува на 51 ИНФАНТ , во Нови Сад.
ИНФАНТ е интернационален фестивал на алтернативниот и нов театар. Фестивал со преку 50 години долга традиција, фестивал кој ги спојува несекојдневните театарски интерпретации со некласичното актерско изразување.
Претставата е според пиесата на Бернар-Мари Колтес а режисер и автор на музиката е Марјан Неќак. Играат: Хамлет – Никола Стефанов Клаудиј – Иван Јерчиќ Гертруда – Валентина Грамосли Офелија – Викторија Степановска Јанкуловска.
Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак. Пиесата „Денот на убиствата во историјата за Хамлет“ на Бернар-Мари Колтес, напишана во 1974 година, според која ја составивме драматуршката предлошка за претставата „ХАМЛЕТ – Денот на убиствата“, е инспирирана од безвременото дело на Шекспир – „Хамлет“, но не е ниту негова адаптација, ниту коментар на Шекспировата пиеса.