Објавени наградите на МТФ „Војдан Чернодрински“: МНТ доминира со 7 награди

На денешната прес-конференција на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, беа соопштени наградените, од кои 7 (седум) се за претставата „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска на Македонскиот народен театар и тоа:

  • Награда за рекламен материјал – Зоран Кардула.
  • Награда за кореографија и сценски движења – Александар Зарапчиев и Нина Деан.
  • Награда за сценографија – Илина Ангеловска, Тодор Дајевски, Зоја Бузалковска.
  • Награда за млад актер „Трајко Чоревски“, за улогата Љвов, Евгениј Константинович – Григор Јовановски.
  • Награда „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога на Павел Кирилич Лебедев – првенецот Ѓорѓи Јолевски.
  • Награда за главна женска улогата на Саша, ќерката на Лебедеви – Дарја Ризова.
  • Награда за режија – Зоја Бузалковска.

Останатите награди ги добија:

Награда за млада актерка – Јована Миладинова за претставата „Едвард Втори“ – Народен театар Јордан Хаџи Константинов – Велес

Награда за костимографија – Симеон Мачавели и Раде Василев за претставата „Едвард Втори“ – Народен театар Јордан Хаџи Константинов – Велес.

Награда за музика – Ристо Вртев за претставата „Дупло дно“ на Народен театар Војдан Чернодрински – Прилеп

Награда за главна машка улога – Васил Михаил за претставата „Црна дупка“ на Народен театар „Антон Панов“- Струмица.

Награда за женска епизодна улога – Анкица Бенинова за претставата „Црна дупка“ на Народен театар „Антон Панов“- Струмица.

Награда за уметничко остварување во целина – Народен театар „Антон Панов“- Струмица за претставата „Црна дупка“.

Награда за современа сценска драматизација и адаптација на драмски текст – колектив на претставата „Франкенштајн“ на Театар за деца и младинци – Скопје.

Специјална награда за колективно актерско остварување – Народен театар – Битола за претставата „На дното“.

Наградите беа доделени од страна на фестивалската жири-комисија во состав: Д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев– театарски критичар, авторка, драматург, професор по историја на светска драма и театар на Катедрата за теорија и историја на драмските уметности и анализи на драмското творештво на Катедрата за драматургија при Академијата за уметности при Универзитетот во Нови Сад, Д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ – стилистичарка и професор на Академијата за сценски уметности и на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Сараево, БиХ и Варја Ѓукиќ– актер, автор и директор на фестивалот „Одакле зовем“ – Подгорица, (2009).

Наградите ќе бидат врачени вечер на свеченото затворање на фестивалот во 19:30 часот во НУЦК „Марко Цепенков“.